Позната модна дизајнерка Вивиен Вествуд еднаш изјавила: “Јас не можам да мислам без моите очила”…
Оптика “Bella Vista” повеќе од 3 децении се грижи Вие да можете да “мислите” и да имате вистински поглед на светот околу Вас. 35 години успешно работиме во Македонија, во областа на оптиката и оптометријата.
Нашите почетоци датираат од 1991-ва година, со нашиот прв продажен објект во Охрид, со кој се позициониравме меѓу првите приватни оптики во Македонија кои се занимаваат со изработка, продажба и сервис на очни корективни помагала, како и очила за сонце.
Во текот на овие три децении макотрпна работа и искрена посветеност на нашите клиенти, станавме лидер во продажба и дистрибуција на оптички рамки на територијата на Р.Македонија.
Горди сме на податокот дека 35 години ја развиваме нашата успешна приказна, за што сведочи искуството и професионалноста на нашиот стручен тим, но и многуте задоволни клиенти, како од Македонија, така и од соседните држави.
За нас
Работно време
| Понеделник: | 09-21 ч. |
| Вторник: | 09-21 ч. |
| Среда: | 09-21 ч. |
| Четврток: | 09-21 ч. |
| Петок: | 09-21 ч. |
| Сабота: | 09-18 ч. |
| Недела: | Затворено |
